Der Spiegel: На основањето на Израел му претходеше безмилосен грабеж на Палестинците

Еврејските полицајци и цивили го опљачкале имотот на раселените Палестинци во 1948 година. Израелски историчар сега укажува на злосторствата и остро го критикува основачот на државата Давид Бен-Гурион, пишува германски Der Spiegel.

„Се вратив во Тиверија на пладне и утврдив дека е извршен погром“, напишал огорчено Јосеф Нахмани на 22 април 1948 година во својот дневник. Нахмани бил еврејски член на градскиот совет на Тиверија на Галилејското Море. Тој и други очевидци детално го опишале она што го сметале за голема срамота за, тогаш сè уште неоснованата, еврејска држава по која копнееја.

„Евреите шетаа низ градот во групи ограбувајќи ги куќите и продавниците на Арапите. Тоа многу ме погоди... Тоа е дамка на нашето знаме“, напишал Нахмани.

Еврејската милиција Хагана не можела да ја стави толпата под контрола. „Тие самите учествуваа во пљачкањето (...) Дојдоа со возила и чамци и товареа секакви предмети (...) Носеа дозволи од нивните команданти кои ги овластуваа да ги понесат работите со себе“.

Нахмани го напишал ова шест месеци по усвојувањето на резолуцијата на ООН во 1947 година, со која се предвидува поделба на Палестина на еврејска и арапска држава. Повеќето Арапи ја отфрлија резолуцијата. Веднаш по резолуцијата, еврејските квартови и населби беа цел на напади; Арапите наидоа на жесток отпор. По формирањето на државата Израел на 14 мај 1948 година, борбите прераснаа во војна. Армиите на неколку арапски држави ја нападнаа младата еврејска држава.

Невиден грабеж

Дури и за време на граѓанската војна, Палестинците беа далеку инфериорни во однос на еврејските вооружени сили, кои се состоеја од големата војска Хагана и ултранационалистичките борбени организации Иргун и Лечи. Со големата офанзива од април 1948 година, еврејските сили за неколку недели успеаја да преземат контрола над важните градови како што се Тиверија, Хаифа и Јафа, како и над бројни палестински села.

По освојувањето на Тиверија на 18 април, арапските жители морале да го напуштат градот. Британците владееле со земјата до средината на мај, и кога конечно се повлекле, започнал масовен грабеж на напуштените станбени области... Нахмани во својот дневник напишал дека локалното еврејско раководство експлицитно го забранило тоа и дека поединци дури и се обиделе да го запрат грабежот со предупредувачки истрели. Не успеале.

Речиси никој од разбојниците во Тиверија, вклучително и еврејски полицајци, не бил изведен пред лицето на правдата.

Според израелскиот историчар Адам Раз, Тиверија била преседан што довел до грабеж на повеќето арапски имоти на сите подоцнежни освоени територии. Неговата книга „Грабежот на арапскиот имот во војната за независност“ беше објавена неодамна. Со обемна истрага, тој ја обработи темата што израелската јавност со децении ја чуваше во тајност и ја третираше како табу.

Подвижниот имот на мета

Адам Раз (37) се фокусира на грабежот на палестинскиот подвижен имот, односно на скапоцените предмети пронајдени во илјадници и илјадници куќи и станови. Од предмети за домаќинство, мебел до книги и лични предмети. Продавници, работилници, фабрики, па дури и џамии и цркви биле ограбени. Ова е сè уште неистражена тема, наспроти одземањето на палестинско земјиште и недвижен имот.

Израелските власти не можеле да го запрат јуришот на пљачкашите, иако го формирале Одделот за арапска сопственост, кој подоцна стана Министерство за малцинства. Напротив, опсегот растел. Ова станало очигледно кога богатите арапски краишта на пристанишниот град Хаифа биле окупирани на 22 април 1948 година. Во грабежот учествувале не само еврејските милицајци и жителите на градовите од сите социјални и возрасни групи, туку и добро организирани групи од соседните градови.

Адам Раз посочува дека безбедносните сили не дејствувале или дека дејствувале во ограничена мерка, поради што не можело да се спречи грабежот што траел со месеци.

Слични сцени се случиле во Ерусалим кон крајот на април откако арапските жители ги напуштиле своите станбени области надвор од старите ѕидини на градот. И тука, покрај вооружените борци, учествувале и припадници на сите можни слоеви на населението - предводени од незаситна алчност. Децении подоцна, тоа е вака опишано: „Мажи, жени и деца трчаа наваму-натаму како пијани глувци“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе