Детален план како да ослабете со пешачење за само неколку недели

А.С.
/ 13.07.2022 / 12:34

Сè повеќе луѓе избираат пешачење како активност. Едноставно е и не бара премногу подготовка или опрема.

Пешачењето може да направи многу, вклучително и губење на салото од стомакот. Сертифицираниот личен тренер Џесика Смит дизајнираше шестнеделен план за прогресивно пешачење со кој ќе го стопите стомакот.

Станува збор за план кој ги комбинира моќта на интервалниот тренинг и ефикасноста на одење, а користи три типа на одење - брзо одење, интервално (HIIT) одење и лесно одење. Ритамот на одење се мери на скала од еден до десет. Напорот од пет до шест треба да го забрза вашето дишење, но со способност да одржите разговор.

Со напор од осум до девет, дишењето е тешко и можете да одговорите на прашања само со да или не. Бидејќи интензитетот зависи и од вашата кондиција, вие ја менувате брзината и моќта за да го достигнете препорачаниот напор за секоја прошетка.

Брзо одење

По триминутно загревање со лесно темпо, фокусирајте се на одржување на постојано ниво на интензитет за пет до шест. На крајот, одвојте уште три до пет минути за лежерна прошетка за да се оладите, земете здив и мирно завршете ја прошетката.

HIIT одење

Интервалното одење треба да покрива подолги растојанија за помалку време. По лесно загревање од три минути, време е за интервали - одете три минути со брзо темпо (интензитет од пет до шест), потоа една минута со интензитет од осум до девет. На крајот, не заборавајте да се оладите три до пет минути.

Лесно пешачење

Овие прошетки ќе помогнат да се одржи рамнотежа во вашата фитнес рутина. Освен тоа, науката покажала дека намалувањето на стресот позитивно влијае на слабеењето. Оваа прошетка е за уживање во движењето. Одете со интензитет од три до четири. Уживајте во околината, фокусирајте се на тоа да се чувствувате добро и обидете се да бидете свесни за вашето дишење и чекори.

Шестнеделен план за пешачење

Прва недела

Понеделник: 15 минути HIIT пешачење

Вторник: 30 минути брзо одење

Среда: Одморете се (или можете да вежбате сила и издржливост)

Четврток: 15 минути HIIT пешачење

Петок: 15 минути лесно одење

Сабота и недела: Одмор

Втора недела

Понеделник: 15 минути HIIT пешачење

Вторник: 30 минути брзо одење

Среда: Тренинг за сила

Четврток: 15 минути HIIT пешачење

Петок: 30 минути лежерна прошетка

Сабота и недела: Одмор

Трета недела

Понеделник: 30 минути HIIT пешачење

Вторник: 45 минути брзо одење

Среда: Тренинг за сила

Четврток: 15 минути HIIT пешачење

Петок: 30 минути лесно одење

Сабота и недела: Одмор

Четврта недела

Понеделник: 30 минути HIIT пешачење

Вторник: 45 минути брзо одење

Среда: Тренинг за сила

Четврток: 30 минути HIIT пешачење

Петок: 45 минути лесно одење

Сабота и недела: Одмор

Петта недела

Понеделник: 30 минути HIIT пешачење

Вторник: 45 минути брзо одење

Среда: 30 минути HIIT пешачење

Четврток: 30 минути брзо одење

Петок: 45 минути лесно одење

Сабота: 30 минути брзо одење

Недела: Одмор

Шеста недела

Понеделник: 30 минути HIIT пешачење

Вторник: 45 минути брзо одење

Среда: 30 минути HIIT пешачење

Четврток: 30 минути брзо одење

Петок: 60 минути лесно одење

Сабота: 30 минути брзо одење

Недела: Одмор

Совети

Ако веќе сте редовен шетач, можете да го продолжите времетраењето на вашите прошетки, да додадете повеќе денови или да ги прескокнете првите неколку недели и веднаш да се префрлите на недели кои вклучуваат повеќе одење. Пожелно е да се вклучат и други активности како возење велосипед, пливање, тренинзи за сила...

Дали минутите наменети за загревање и ладење ќе бидат дел од вкупното време на пешачење сами одлучувате. Ако имате доволно време, додадете дополнителни шест до десет минути, советува тренерот Џесика Смит.

Секогаш можете да ги приспособите деновите и времето на прошетки на вашиот распоред. За време на спроведувањето на планот, не заборавајте на предизвиците, со текот на времето работете на забрзување на темпото за да поминете повеќе километри за помалку време.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе