ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Дибала откри зошто ја одбрал Рома: Изминативе денови беа полни со емоции

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала на својата презентација во Рома не го криеше задоволството од одлуката што ја донесе, а откако ја откри причината поради која решил да замине во Рим и да потпише за „Волчицата“, имаше посебни пофалби за тренерот Жозе Мурињо.

Дибала рече дека клучната причина поради која ја избрал Рома е всушност брзината и решителноста што ја покажале во потрагата по неговиот потпис.

После тоа рече дека се приклучил на тим кој е во подем, има цврсти темели за иднината и тренер со кој е привилегија да се работи.

„Деновите пред потпишувањето на овој договор беа полни со емоции. Брзината и одлучноста што ги покажа Рома сакајќи да ме ангажира ја направи разликата. Се приклучив на тим во подем, клубот има цврсти темели за иднината и тренер како Жозе Мурињо со кого е привилегија да се работи“, изјави Дибала.

После тоа изјави дека со нетрпение чека да настапи пред страсните навивачи на Рома.

„Кога тоа го истакнуваат сите противници на Рома, и јас ѝ се восхитував на атмосферата што ја создаваат навивачите на овој клуб. Сега, едвај чекам да им се претставам во овој дрес“, изјави Дибала.

Дибала во Рома ќе го носи дресот со број 21, а потсетуваме дека во дресот на Јувентус за 7 сезони одигра вкупно 293 натпревари на кои постигна 115 голови и запиша 48 асистенции. Претходно 3 сезони настапуваше за Палермо, кој во 2012 го донесе од Иституто де Кордоба, клубот каде ја почна кариерата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе