Драма во Келн, Кјелце е европски шампион

Ракометарите на Кјелце се новите европски владетели, откако ја освоија титулата на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кјелце, во едно од најдраматичните финалиња во историјата на Лигата на шампионите по изведувањето на седмерци го совлада Веспрем 39-38. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 29-29, а по продолженијата беше 35-35.

Завршниот меч во Лигата на шампионите понуди неверојатен пресврт, продолженија и потоа пенали, по кои Кјлеце во своето прво учество во финалето ја освои првата титула во клупската историја.

Случувањата во арената во Келн до 46-та минута воопшто не навестуваа дека до крајот ќе се случува вистинска драма. Веспрем до таа минута ги контролираше случувањата на теренот, имаше предност од 28-19, но со неколку избрзани удари и неразработени акции му дозволија на Кјелце до крајот серија 10-1, а продолженија избори Лијевски кој израмни на 29-29 на четири секунди до крајот на мечот.

Инаку, Кјелце можеше да обезбеди триумф уште во регуларниот дел од мечот, но Алиловиќ во последните 90 секунди успеа да одбрани два седмерци (Бјелецки, Штрлек).

Веспрем го имаше моментумот и во првото продолжение, предност од еден гол и играч повеќе, со кој влезе во второто продолжение, но одново унгарскиот тим му дозволи на противникот да се врати во мечот и да стекне гол предност. Веспрем со голот на Угалде во последната секунда се избори за седмерци.

При изведувањето на седмерците Маргуч и Терзиќ не реализираа за Веспрем, Шмал му одбрани пенал на Словенецот, а  Шего на репрезентативецот на БиХ, додека кај Кјелце не реализираше само Чупиќ.

Рајхман со осум голови го предводеше новиот европски првак, додека Лијевски и Бјелецки постигнаа по шест гола.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе