Древна Асирија: 12 факти кои треба да се знаат

Месопотамија често се нарекува лулка на цивилизацијата, а нејзините држави, како Асирското Царство, се секогаш интересни за истражувачите.

Ова се 12 факти кои треба да се зната за оваа древна земја:

1. Асирското Царство е формирано во првата половина на 2 милениум п.н.е. во северниот дел на Месопотамија (денешен Ирак). Заедно со Асирското Царство на оваа територија во истиот период се издвојува Старовавилонското Царство.

2. Именувано е по градот Ашур, кој бил првиот главен град на царството, а градот името го добил по богот Асура, кој, како што верувале, ги одбрал царевите што ќе го претставувале на Земјата и им дал апсолутна моќ.

3. На за време на своето постоење имало неколку подеми и падови, а процутот започнал за време на Новоасирското Царство (934-612 п.н.е.), кое започнало со освојувањата на царот Асурнасирпал II.

4. Асурнасирпал II ги освоил Месопотамија и Феникија (денешен Либан) и го изградил новиот главен град Нимруд.

Асурнасирпал II во лов на лавови

5. Асирското Царство доживеало најголема експанзија во текот на 7 век п.н.е.

6. Асирското Царство имало добро организирана војска, која и тогаш, како и денес, била поделена на рангови и се сметала, дотогаш, за највешта и најсурова.

Тие биле првите освојувачи што користеле направи за опсада на градови - кули со скали за качување по ѕидови и дрвени стебла со метални овни, за пробивање на градските порти.

7. Во текот на 8 и 7 век пред нашата ера, за време на владеењето на Тиглатпалесар III, Саргон II и Ашурбанипал, Асирското Царство го опфатило речиси целиот Стар Исток.

8. Најпозната кралица била Семирамида, која владеела 42 години во 9 век п.н.е. За време на нејзиното владеење, изградени се познатите Семирамидини градини, кои во тоа време се сметале за едно од 7-те светски чуда.

9. Во екот на моќта на империјата, царот Асархадон го освоил Египет во 671 година п.н.е. Тогаш Асирците завладеале со цела Месопотамија, источниот Медитеран и Египет.

10. Во 7 век п.н.е. главниот град бил преместен од Нимруд во Ниневија, познат антички град на источниот брег на реката Тигар. Во Ниневија живееле над 100.000 луѓе, имало 18 канали за водоснабдување, луксузни палати, од кои се издвојувала палатата на Сенахирим, која имала дури 80 соби.

Античка Ниневија, која била срамнета со земја во 612 година п.н.е., ја наследил градот Мосул во денешен Ирак. Ниневија, како непријателски град на Евреите, често се споменува во Библијата.

11. Иако било моќно, Асирското Царство исчезнало многу брзо. Здружените сили на Медијците и Вавилонците го поразиле околу 605 година п.н.е. Него го наследило Нововавилонското Царство.

12. Од сочуваните асирски споменици, најпознати се следниве:

  • Портата на тврдината на Саргон II во Хорсабад - крилест бик со човечка глава, 721 - 705 година п.н.е.
  • Асурнасирпал II во лов на лавови, релјеф, 850 година п.н.е.
  • Ограбувањето на градот Хаману од Ашурбанипал, од Ниневија, околу 650 година п.н.е.
  • Смртно ранета лавица, релјеф, 650 година п.н.е.
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе