Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на стадионот „Етихад“ го елиминираа Манчестер Сити од Лигата на шампионите, откако по подобро изведување пенали се пласираа во полуфиналето.
Џуд Белингем, Лукас Васкес, Начо Фернандес и Антонио Рудигер успешно ги изведдоа пеналите за Реал Мадрид, а единствениот што промаши беше Лука Модриќ, кој беше и прв изведувач.
Тренерот Карло Анчелоти по натпреварот откри дека двајца фудбалери побарале да не преземат одговорност и да не шутираат пенал.
Станува збор за стоперот Едер Милитау и играчот од средниот ред Федерико Валверде, а Анчелоти ги објасни нивните барања.
„Федерико требаше да биде петти, но ми кажа дека е многу уморен и вистината е дека беше ‘мртов’, па решивме дека Рудигер ќе шутира“, рече Анчелоти.
За Милитао објасни дека се плаши од голманот на Манчестер Сити, Едерсон, кој добро го познава, со оглед на тоа дека се сонародници и колеги од бразилската репрезентација.