Две мали деца починаа од грип на Клиниката за детски болести

Според новиот извештај на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за детски болести во Скопје две мали дечиња на возраст од три и четири годинки починале од грип.

Во првата недела од 2017, најголем број заболени (n=5.680) односно 70,4% од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, што претставува лесно зголемување на процентуалното учество од претходната недела (65,9%). Во пријавените случаи од првата недела, децата на возраст од 5-14 години учествуваат со 11,7% (n=946), лицата над 65 години со 10,7% (n=860), а најмал процент отпаѓа на децата од 0-4 години  (7,2%;  n=581).

Највисока инциденца од 500,0/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години, a кај децата на возраст од 5-14 години инциденцата изнесува 408,7/100.00. Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата кај децата на возраст од 5-14 години е речиси двојно намален.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега, стои во извештајот на Институтот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе