Еден година затвор за возачот на камионот кој прегази девојче

Возачот на камионот Раде В., кој во октомври минатата година со камион прегази дванаесетгодишно девојче помеѓу скопските населби Хром и Влае, е осуден на една година затвор и му е изречена забрана од една година за управување со моторно возило.

Вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но бидејќи возачот во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.

При носење на пресудата, Судот предвид ги зел олеснителните околности како што се: признавањето вина од страна на обвинетиот, искреното жалење и каење, неговата тешка материјална, здравствена состојба и тоа што никогаш не бил осудуван.

Во својот емотивен исказ пред Судот обвинетиот изрази сочувство до семејството и побара прошка.

„Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка“, рече обвинетиот.

Во појаснувањето на пресудата, Судот рече дека вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но Раде В. во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.

Нему му се судеше за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кое според законот е предвидена затворска казна од една до пет години.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе