Европската агенција за лекови објави дека одобри два лека на база на моноклонски антитела за коронавирус, наменети за примена во рана фаза на зараза со вирусот.
ЕМА во соопштението наведува дека го одобри лекот под назив „ронапреве“ кој е развиен во Швајцарија и лекот „регкирон“ кој го разви јужнокорејската компанија Celltrion.
Ова се при лекови на база на моноклонски антитела кои добија позитивно мислење кога станува збор за COVID-19, наведува ЕМА.