ЕУ најавува голема реформа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур најави дека следниот месец ќе ги претстави идеите за реформирање на Европската Унија за да може да функционира со 30 или повеќе членки.

„Следниот месец Комисијата ќе ги претстави нашите идеи пред Европскиот парламент и Советот, пред лидерската дебата организирана од белгиското претседателство“, рече Фон дер Лајен во говорот пред членовите на Европскиот парламент на пленарната сесија во Стразбур.

Таа рече дека по одлуката за отворање преговори со Украина и Молдавија и Босна и Херцеговина, кога ќе ги исполни бараните услови, Унијата почнала да работи на сопствени реформи за да може да функционира по проширувањето. Европската унија потврди дека земјите од Западен Балкан треба да бидат членки како и Украина, Молдавија и Грузија.

Бидејќи на ЕУ и е тешко да одлучува и со денешните 27 членки, ќе биде уште потешко со 35 или 36 членки. Затоа, постојано се нагласува дека ЕУ мора да се подготви за проширување, во исто време кога земјите аспиранти се подготвуваат за членство преку преговарачкиот процес.

„На последниот Европски совет се согласивме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, кога ќе ги исполнат потребните критериуми. Го одобривме кандидатскиот статус за Грузија и ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднината во која сите шест земји од Западен Балкан ќе бидат дел од нашата Унија. Но, како во пракса ќе функционира Унијата со 30 или повеќе земји? Само ние, во рамките на Европската Унија, можеме да одговориме на тоа прашање“, рече Фон дер Лајен.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе