Новата игрица „F1 23“ доаѓа наскоро на конзолите и компјутерите, а фановите можат да очекуваат голем број новитети.
„F1 23“ ќе биде достапна од 16 јуни годинава за конзолите PlayStation и Xbox, како и за PC, а се враќа Braking Point, мелодраматичен режим на приказна што прв пат се појави во игрицата за 2021 година. Сепак, овој пат се работи за комплетно нов тим на Konnersport. Се враќа „херојот“ Ејден Џексон како и неговиот главен ривал Девон Батлер, но овој пат им се придружува сестрата на Батлер, Кали Маер, шампионка во Ф2 која бара место во Ф1 тим внесувајќи ја семејната политика во спортската акција.
Додека Braking Point 2 веројатно ќе привлече најголемо внимание, ќе има промени и подобрувања на други места. Во игрицата ја има и новата патека во Лас Вегас, која играчите ќе можат да ја искусат неколку месеци пред вистинската трка во Формула 1. Кон неа се придружува патеката „Катари Лосаил“.
Ветени се и ажурирања за физиката и чекор кон систем што ќе го минимизира хаосот при првиот свиок за време на онлајн трките.
На играчите ќе им биде достапен и режимот F1 World, кој ќе им овозможи да креираат автомобилски и тркачки тим за онлајн натпреварување со отворање на пакети заработени во игрицата или платени со пари. Во основа, тоа е Ф1 верзијата на системот за прогресија во стилот Ultimate Team на „FIFA“.
Конечно, има дополнителни функции кои ги побара гејмерската заедница, а меѓу нив се и црвените знамиња за време на трките, заедно со сите тактички можности што тие ги носат.