Фатен сигнал од уредот за итни случаи на урнатиот египетски авион

Сигнал од уредот за алармирање за итни случаи (ELT) на урнатиот авион на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ е фатен над Средоземното Море, пишува каирскиот дневен весник Al-Ahram повикувајќи се на шефот на египетската истражна комисија Ајман ал-Мукадам.

Според ал-Мукадам, дефинирана е точната локација на која е радиопредавателот за итни случаи (ELT), кој во случај на удир на авионот во земја или во водна површина почнува да ги пренесува точните координати на местото на несреќата.

Според него, „на основа на сигналите од уредот утврдена е областа на неговата локација во радиус од 5 километри“. Појаснува дека во авионот од типот „Airbus A320-232“ има три такви система, од кои еден е поставен во опашката од леталото. Токму тој уред е цел на потрагата во овој момент. Шефот на египетската истрага, додава дека неговото пронаоѓање ќе овозможи да се пронајдат нови остатоци од урнатиот авион.

Во меѓувреме, како што истакнува ал-Мукадам, таканаречените „црни кутии“ од авионот досега не се најдени. „Потрагата по нив бара сериозна техничка опрема, бидејќи судејќи според сé, тие се наоѓаат на длабочина од три илјади метри“, појасни.

„Поради временските услови и брановите, радиусот на операцијата за пребарување во моментов е проширен“, вели ал-Мукадам.

Ги потврди претходните информации дека египетските власти ќе се обратат до најмалку една странска компанија, специјализирана за потраги на големи длабочини.

Претходно во средата директорот на компанијата „EgyptAir“, Сафват Мослем изјави дека Египет ќе ангажира две компании, една француска и една италијанска, за да помагаат во потрагата по „црните кутии“ и остатоците од авионот кој на 19-ти март утрото со 66 патници и членови на екипажот се урна во Средоземното Море.

Стручњаците сметаат дека поради тоа потребно е во морето да се спуштат акустични хидрофони на две илјади метри длабочина, за да се зголемат шансите за лоцирање на сигналите коишто ќе бидат емитувани уште 30 дена.

До неодамна меѓу воздухопловните експерти се сметаше дека единствените коишто се способни да трагаат по „црни кутии“ на толкави длабочини се американската армија и нивниот приватен партнер компанијата „Phoenix International“. Меѓутоа, американската војска изјави во вторникот дека не е побарана нивна помош.

Извори од египетската истрага претходно во средата изјавија дека авионот не покажувал никакви знаци на технички проблеми пред полетувањето од Париз за Каиро. Авионот исчезнал од радарите веднаш по напуштањето на грчкиот воздушен простор и минута пред да навлезе во египетскиот воздушен простор, беше прецизирано во средата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе