ФФМ се премисли: Саса го доби пехарот за 1.ЖМФЛ, на ред е Вардар

Лидерот во прекинатото женско фудбалско првенство, Саса од Македонска Каменица, викендов го доби пехарот за минатата сезона со што официјално ФФМ прогласи првак. Сега Вардар, како најдобар кај мажите, го чека својот пехар.

Фудбалерките на Саса му се радуваат на пехарот за прекинатата сезона 2019/20; Фото: ФФМ

Откако прво прогласи прекин на сезоната 2019/20 поради пандемијата со коронавирусот и објави „замрзнати“ табели без да биде прогласен првак во сите натпреварувања под капата на ФФМ, Федерацијата очигледно сега се премисли.

Викендов се играше 2. коло од новата сезона во најквалитетната женска фудбалска лига, а приликата ФФМ ја искористи официјално да ја прогласи екипата на Саса за првак на ланската прекината сезона.

Саса на домашен терен во Македонска Каменица го пречека тимот на Истатов, го победи со 5:1, а пред натпреварот претставник на ФФМ им го врачи пехарот на фудбалерките.

Куштрим Љума од ФФМ го предава пехарот на капитенот Моника Георгиева; Фото: ФФМ

Штом во женската лига е прогласен првак, тоа веројатно ќе се случи и во машката Прва лига. Таму пехар чека Вардар кој беше лидер во моментот на прекин, но досега официјално не беше прогласен за првак. Веројатно примопредавањето ќе се случи в петок кога Вардар игра на „Тоше Проески“, но условно како гостин бидејќи се игра Дербито на Скопје со комшијата Работнички од Дебар Маало.

Табелата во 1.ЖМФЛ во моментот на прекин (одиграни 14 од 26 кола)

Проблем настана бидејќи во Правилникот за натпреварување на ФФМ воопшто не е објаснето како се постапува при прекин на првенство. Очигледно, во Федерацијата никогаш (читај 30 години) не ни помислиле дека може да се случи од било какви причини некое првенство да се прекине, па и не направиле правило за такво сценарио, без разлика дали во прашање е пандемија, војна или некоја природна катастрофа. Веројатно токму затоа, за разлика од секаде низ Европа каде првенствата не продолжија, во Македонија првак не беше прогласен.

Дури откако настана проблемот со минатата сезона, ФФМ го дополни својот правилник каде вметна правило според кое наведува кои услови треба да бидат исполнети за при прекинато првенство да се прогласи или да не се прогласи првак. Според новото правило, во ситуација каква што настана лани, Вардар не би бил прогласен за првак бидејќи не беа одиграни доволен број на натпревари. Но, новото правило не може да важи за нешто што веќе се случило туку ќе важи од тековнава сезона.

Новиот Член 31а регулира што ќе се случи доколку настане нов прекин поради коронавирусот

Затоа, Вардар сега го чека и својот пехар кој според прикажаното на зелениот терен, го заслужи, исто како и фудбалерките на Саса.

Е сега, мал проблем е што скоро сите фудбалери кои настапуваа лани за Вардар веќе си заминаа поради големите финансиски проблеми во кои веќе трета сезона тоне најголемиот македонски фудбалски бренд. Пехарот сега треба да го примат некои нови дечки, кои не ни играа лани, но тоа е тоа. Важно Вардар да го смести единаесеттиот пехар за шампион на Првата лига во своите витрини.

реклама

Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Read more

Теми и коментари

Како научив да кажам „НЕ“ и тоа ми го смени животот?

Read more

Феминизмот во Македонија: До каде сме со родовата рамноправност?

Read more

ФФМ се премисли: Саса го доби пехарот за 1.ЖМФЛ, на ред е Вардар

Read more

Мода во време на пандемија: Промените веќе се случуваат, македонската модна сцена е подготвена

Read more

Ново

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Читај повеќе

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Читај повеќе

Откриен нов рекорд на најниски температури во северната хемисфера

Читај повеќе
  • filter

Десерт на денот: Колач со овошје

Читај повеќе

Дилета Леота, најзгодната новинарка во светот ќе објави книга

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Секс без табуа - работи во кои не треба да верувате, според научниците

Читај повеќе

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Читај повеќе

Промена на датумот на играње на средбата на ПСЖ – Вардар 1961

Читај повеќе