Филипче: Ако има потреба од некаква рестриктивна мерка, тоа ќе го препорачаме

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека деновиве ќе разговараат со претставници на здравствените власти на Србија и на Косово за состојбата со коронавирусот и за потенцијалните ризици по нашата држава.

Прашан за зголемиот број на заболени со COVID-19 во Србија и Косово и дали се разговара на Влада и со Комисијата за заразни болести за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од овие земји, Филипче рече дека досега не е разговарано.

– Засега не, заради тоа што досегашните официјални податоци не укажуваа на така голем број, иако имавме информации дека нешто неофицијално се случува. Ќе разговараме деновиве со претставници на нивните здравствени власти за да видиме каква е ситуацијата, кои се потенцијалните ризици по нашата земја. Да, апсолутно да, ако во било кој момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во било кој дел од земјата, тоа ќе го препорачаме, изјави Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.

Прашан дали политичарите се доволно заштитени за време на изборната кампања, Филипче потенцира дека јасни се принципите и важат за сите, за секој собир.

– Да се носат маски и да се одржува дистанца. Секој кој не почитува го доведува во ризик сопственото здравје и секако здравјето на сите во околината, нагласи Филипче.

На новинарско прашање за здравствените работници кои бараат изземање од Избирачките одбори, министерот Филипче рече дека за тоа разговарал со Државната изборна комисија (ДИК).

– Бројот на апликации за изземање е практично идентичен на оние што биле изминатите години. Ова се избрани луѓе во Избирачките одбори од 2016 година. Значи имаат искуство, знаење, веројатно и помош за спроведување на протоколите. Нивно изземање сериозно би го нарушило овој процес. Станува збор за неколку илјади луѓе. Но, ги разгледуваме поединечните случаи, ако има со хронични болести или некоја друга причина и на тоа може индивидаулно да се одговори, рече Филипче.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе