FT: Трета доза од AstraZeneca ја засилува ефикасноста на вакцината

Третата доза од вакцината против COVID-19 на компанијата AstraZeneca и Универзитетот во Оксфорд се покажа добро во производството на антитела и дополнително ја зголеми ефикасноста на вакцината кај учесниците во истражувањето, соопшти денеска весникот Financial Times.

Веста доаѓа во момент кога производителите на вакцини предупредуваат дека на светот најверојатно секоја година ќе му треба дополнителна доза или нови вакцини за зајакнување на нивниот ефект како резултат на развојот на новите мутации и варијанти на вирусот, иако некои научници се сомневаат во оправданоста и потребата од трета доза, пренесуваат британските медиуми.

Весникот цитира изјава на лице упатено во резултатите од истражувањето, кое вели дека реакцијата на антителата на дополнителната доза од вакцината е „доволно силна против која било варијанта на коронавирусот“.

Британските медиуми пренесуваат дека истражувањето, исто така, покажало дека има помалку страв дека аденовирусите не можат да се користат повеќе од еднаш.

AstraZeneca и Универзитетот во Оксфорд сè уште не одговориле на барањето на Reuters за подобро разјаснување на резултатите од истражувањето, кое сè уште не е официјално објавенo, а FT пишува дека сè уште не е познато кога Оксфорд и AstraZeneca планираат да ја објават оваа информација.

Вакцината AstraZeneca се темели на нова технологија што користи модифицирана верзија на аденовируси, кои предизвикуваат обична настинка, како вектори за пренесување на одговор до човечките клетки.

Поради ваквиот начин на дизајнирање вакцини, некои научници веруваат дека дозите би можеле да изгубат на својата ефикасност доколку станат годишни вакцинации неопходни во борбата против новите варијанти на коронавирусот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе