Фудбалер се заблагодари на сопругата и на девојката
Признанието Најдобар играч на натпреварот толку многу го возбуди фудбалерот Мохамед Анас, што тој пред камерите се заблагодари и на сопругата, и на девојката.
Играчот од Премиер лигата на Јужна Африка ја доби титулата за играта за тимот на Фри стејт старс на натпреварот против АЈАКС Кејп Таун.
„Сакам да им се заблагодарам на обожавателите. На мојата сопруга и мојата девојка... ова... мислам жена ми. Да, извинете, извинете, жена ми.“
Видеото стана вирално и има 2,5 милиони прегледи само на Twitter, па мала е веројатноста дека неговата сопруга нема да го види лапсусот пред камера.