Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на Енфилд, Реал го шокираше Ливерпул и победи со 5:2 по големиот пресврт.
По 15 минути игра „црвените“ имаа 2:0 со головите на Нуњес и Салах, а потоа на крајот на полувремето Винисиус со два гола израмни на 2:2. Во продолжението Реал го совлада домаќинот. Најпрвин Модриќ асистираше до Милита од прекин во 48. минута, а Бензема во 55. и 67. постигна уште два гола за Реал. Модриќ беше иницијатор на петтиот гол.
Лука Модриќ играше до 87. минута и беше еден од најдобрите играчи на теренот. Задоволство беше да се гледа како хрватскиот капитен управува со Реал на 37 години и го уништува моќниот Ливерпул на негов терен. Кога излегоа Модриќ и Бензема, заработија овации од навивачите на „црвените“.
На ова не останаа имуни ниту навивачите на Реал Мадрид, кои очигледно воодушевени од начинот на кој домашните навивачи ги почитуваат нивните легенди, ги кренаа шаловите и почнаа да скандираат „Ливерпул, Ливерпул“. Тоа беше начин да се покаже почит кон клубот домаќин и неговите навивачи по големиот гест.