Германија спроведе експеримент со евтин јавен превоз: Какви се првите резултати?

Воведувањето на единствен евтин месечен билет за јавен превоз низ Германија за летниот период го намали метежот на германските патишта, известува компанијата за ГПС уреди TomTom.

„Имаше помалку сообраќаен метеж во јули во споредба со мај, во 23 од 26 градови каде што измеривме“, изјави Ралф-Петер Шефер за Reuters.

За мерењето е избрана недела во јули во која немало празници во градовите каде што се вршело мерењето. Мерењето исто така покажа помалку застој во споредба со истиот период во годините пред пандемијата.

„Можеби е рано да се носат заклучоци, но сметаме дека намалувањето на бројот на доцнења е поврзано со воведувањето на билетот од 9 евра“, рече Шефер.

Тримесечен експеримент

Како дел од мерките за ослободување на граѓаните од наглото поскапување на енергенсите, германската влада во јуни воведе месечен билет за јавен превоз за три месеци, кој чини 9 евра и важи низ цела Германија за сите средства за локален транспорт и неограничен број патувања.

Истовремено се субвенционираше и цената на горивата, што сепак не доведе до забележителен пад на цените на нафтените деривати. Германските власти во моментов размислуваат во каква форма би го поттикнале користењето на јавниот превоз по август, кога истекува тримесечната фаза од билетот од 9 евра.

До средината на јули беа продадени над 30 милиони месечни билети по намалена цена. Оваа мерка предизвика и бројни критики поради преполните возови кои делумно не ги напуштаа станиците поради хаотични ситуации.

Многумина кои користат јавен превоз за да одат на работа најавија дека додека не истече оваа мерка и не се намали бројот на патници, ќе користат приватни автомобили. Здруженијата на корисници на воз посочија дека за модернизирање на железничката мрежа можело да се потрошат три милијарди евра, колку што се трошат за субвенционирање на билетите.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Свет

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Read more

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Read more

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе