АТП АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2024

Ѓоковиќ елиминиран од Австралија опен, Синер е во финале

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доживеа елиминација од Австралија опен во полуфиналето откако 22-годишниот Италијанец Јаник Синер (АТП 4.) беше подобар од него со 3:1 во сетови.

Ѓоковиќ изгледаше непрепознатливо во првите два сета, кои завршија по само 36 и 39 минути игра. Италијанскиот тенисер направи два брејка во првите два сета, а ги реши во своја корист со 6-1 и 6-2.

Во третиот сет 36-годишниот српски ас одигра многу подобро, ја спаси единствената брејк-топка што му ја понуди на Синер, а сетот го одведе во тај-брејк.

Во тај-брејкот видовме голема борба, а на крајот поуспешен беше Ѓоковиќ, кој спаси меч поен, а потоа освои три поени во низа и официјално се врати во мечот со 7-6(6).

Remote video URL

Во четвртиот гем од четвртиот сет Ѓоковиќ водеше со 40:0 на свој сервис, но Синер потоа освои пет поени во низа и направи брејк кој го спаси до самиот крај на сетот и на крајот го оствари најголемиот триумф во кариерата со вкупни 6-1, 6-2, 6-7(6), 6-3.

На тој начин Ѓоковиќ остана без можност по 11-ти пат да ја освои титулата на Австралија опен и јубилејниот 25-ти Грен слем во кариерата.

URL

Фасцинантно е што популарниот Ноле го загуби првиот меч на Австралија опен по точно 2.195 дена. Последен пат Ѓоковиќ беше поразен во 2018 година, кога беше исфрлен од Хјон Чун во осминафиналето, а потоа го освојуваше првиот Грен слем во сезоната во 2019, 2020, 2021 и минатата година. Да потсетиме, не настапи во 2022 бидејќи му беше забранет влез во Австралија како невакцинирана личност против коронавирусот.

Колку импресивно одигра Синер говори фактот што на овој меч не му понуди ниту една шанса за брејк на Ѓоковиќ и сосема заслужено се пласираше во своето прво Грен слем финале во кариерата, каде ќе игра против подобриот од дуелот на Даниил Медведев (АТП 3.) и Александер Зверев (АТП 6.) кои треба да започнат денеска во 9:30 часот.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе