Ѓоковиќ и повреден се избори за осминафинале, Рубљов се прошета

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако денеска го победи Бугаринот Григор Димитров (28. АТП).

Натпреварот траеше нешто повеќе од 3 часа, а на крајот беше 3:0 за Ѓоковиќ, по сетови 7-6, 6-3 и 6-4.

Новак одлично го започна натпреварот и веднаш направи брејк, а потоа без проблем го одржа својот сервис. Во деветтиот гем имаше дури три сет топки, но Григор успеа да се спаси. Потоа Бугаринот зеде брејк и го израмни резултатот, а потоа имаше две пропуштени сет прилики. По сето тоа се одигра тај-брејк во кој Ѓоковиќ по драмата подобро се снајде и поведе на овој дуел. Во финишот на сетот, на Ѓоковиќ му беше укажана лекарска помош поради повреда која ја заработи уште пред натпреварот и поради која имаше завои на ногата.

За разлика од првиот сет, во вториот немаше поголема драма освен во четвртиот гем, во кој Димитров трипати се спасуваше. Сепак, немаше спас за него кога следниот пат сервираше бидејќи Ѓоковиќ потоа направи брејк што беше доволно за да ја удвои предноста и да се доближи до победата.

Третиот сет на изгледаше речиси неверојатно. Започна одлично за Ѓоковиќ бидејќи направи два брејка и поведе со 3:0, а потоа го загуби сервисот. Следуваа два нови брејка на двете страни, па по таа серија лоши сервиси резултатот беше 4:2 за Новак. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња до крајот повеќе не погреши и победи.

URL

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур (24. АТП), кој денеска беше подобар од Французинот Бенжаман Бонзи (48. АТП).

До осминафиналето стигна и Русинот Андреј Рубљов кој славеше над незгодниот Британецот Даниел Еванс (30. АТП) по нешто повеќе од 2 часа тенис со 3:0, по сетови 6-4, 6-3, 6-3.

URL

Противик на Рубљов во осминафиналето ќе биде Данецот Холгер Руне (10. АТП).

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе