Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Александар Ковачевиќ (3:0) во првото коло на Ролан Гарос, напиша порака за поддршка на српскиот народ на Косовo.

По првиот триумф на терените на Ролан Гарос, Ѓоковиќ пораката ја напиша на камерата.
„Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството!“, напиша Србинот и се потпиша.
Ситуацијата на северот на Косово е многу тешка и тензична, а очигледно дека Ѓоковиќ внимателно следи што се случува.