Градоначалникот на белгискиот град Бриж, Дирк Де Фов (62) синоќаа беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.
– Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, додаде обвинителството во соопштение веднаш по нападот.
Според првичните извештаи, градоначалникот, кој исто така е адвокат, бил нападнат од поранешен клиент кого некогаш го бранел на суд.
Локалните медиуми јавуваат дека градоначалникот во моментот на нападот бил со својот возач, кој веднаш го префрлил во болницата, каде му била санирана раната.