Грција од утре воведува нови строги мерки на границите, Балканот е опасен

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас соопшти дека граѓаните со грчко државјанство, како и оние со дозвола за престој во Грција, во периодот од 22 јули до 4 август ќе може да влезат и да излезат од земјата само преку шест копнени премини.

Како што наведе Пецас, поради зголемениот број на транзити преку копнените граници, но и поради зголемениот број позитивни случаи на COVID-19 утврдени на граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Киријакос Мицотакис, ги заострува мерките на копнените граници од 22 јули до 4 август, кои се однесуваат на грчки државјани и граѓани кои имаат дозвола за престој во Грција.

Од 866 тестови награничниот премин Какавиа со Албанија имало осум позитивни, а на Промахонас 170 потврдени случаи на COVID-19 од 19.676 тестови во периодот од 1 до 18 јули 2020 година.

„Во изминатата недела, од 12 до 18 јули, забележан е континуиран зголемен бран на поминувања (влез – излез) од 12-те копнени точки за влез во земјата (освен Промахонас). Поконкретно, 20.331 поминувања од Албанија, 8.049 од Бугарија (без Промахонас), 16.358 од Република Северна Македонија и 4.325 од Турција“, рече Пецас.

„Покрај постојната одлука за грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, од 22 јули до 4 август влез на грчка територија за итни случаи ќе биде дозволен само на граничните премини Какавиас, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи“, рече Пецас и додаде дека и грчките граѓани и оние со дозвола за престој ќе мора да пополнат специјален образец (PLF).

Сезонските работници во земјоделскиот сектор кои ќе ја напуштат Грција пред 4 август нема да имаат право пак да се вратат во земјата.

Грчките државјани досега имаа можност за влез и излез на сите гранични премини без каква било контрола, додека градоначалниците на пограничните градови апелираа до Грците да одбегнуваат патувања во соседните земји, особено во Република Северна Македонија.

„Нагласуваме дека коронавирусот е присутен и им препорачуваме на сите грчки граѓани да одбегнуваат непотребни патувања во епидемиолошки оптеретените подрачја, како што е сега Балканот“, порача Пецас.

Тој додаде дека Грција и понатаму е здравствено безбедна земја и дека грчката Влада ќе преземе и дополнителни мерки ако е тоа потребно.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе