Грција во црно: Најмалку 36 луѓе загинаа во една од најстрашните железнички несреќи во изминатите 50 години

Два воза, едниот товарен, другиот патнички, со околу 350 патници, околу десет минути, со голема брзина се движеле на иста шина, но не еден зад друг, туку еден кон друг, едниот кон Солун од Атина, другиот од Атина кон Солун, а резултатот е неизбежен директен судир во кој животот да го изгубија најмалку 36 лица.

Грција е завиена во црно ова е една од најголемите железнички несреќи во последните 50 години.

Причините за несреќата се непознати, прашањата неодговорени, барем засега, а преживеаните сведочат за пеколните моменти низ кои поминале.

Од друга страна, родители и роднини ги бараат нивните најблиски кои биле во возот, а над 12 часа по несреќата немаат контакт со нив, ниту пак информации дали се повредени, загинати, исчезнати.

Според она што е досега објавено во медиумите во Грција, околу 23:30 часот синоќа, патник преку европскиот број за итни случаи 112 информирал за несреќата, по што веднаш биле мобилизирани сите засегнати служби.

И три часа по несреќата иако сите стравуваа дека може да станува збор за голема трагедија, сепак не постоеше официјална потврда за бројот на загинати.

Возот во 19:22 часот тргнал од Атина за Солун. На станицата во Лариса, возот направил (принудна) пауза, а патниците биле информирани дека ќе останат 15 минути и веројатно ќе стигнат во Солун подоцна од планираното.

- Додека пристигнувавме во Лариса, ни беше соопштено дека постои проблем на линијата и ќе биде потребно да направиме пауза 15 минути. Подоцна, откако повторно тргна возот, слушнавме силна бучава. Се скршија прозорците и навлегуваше чад од пожар, раскажа за радиото на грчката новинска агенција „Практорио ФМ“ еден од преживеаните патници.

Полесно повредени се оние кои биле во последните вагони, додека пак во првите три, ситуацијата со која се соочиле спасувачите била застрашувачка.

Remote video URL

Според портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис, меѓу првите три вагони е и вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот се превртел врз други два вагони и се запалил.

- Треба да се нагласи дека во конкретниот вагон избувнал пожар и се развиле особено високи температури кои достигнале дури 1.300 степени Целзиусови, факт што ја отежнува идентификацијата на луѓето кои биле внатре, рече Ватракојанис.

Тој објасни дека со помош на специјалните кранови, конкретниот вагон бил отстранет и проверен, а акцијата продолжува со пребарување во останатите два вагони.

Дел од спасувачите за грчките медиуми велат дека местото на несреќата наликува на воена зона.

Во возот имало голем број студенти, кои биле на продолжен викенд и се враќале или дома или во универзитетскиот кампус.

Освен загинатите и повредените, судејќи според апелите на социјалните мрежи и во медиумите, постојат и исчезнати. Меѓу нив се и двајца студенти од Кипар, во два одвоени случаи, родителите на едно момче и една девојка бараат информации за нивните деца кои биле во возот.

Бројот на исчезнати останува непознат, а според официјалните податоци во патничкиот воз имало 342 патници, десет членови на екипажот, а во товарниот имало две лица.

Околу 200 преживеани во текот на ноќта со автобуси биле пренесени во Солун, 36 лица загинаа, а 72 се хоспитализирани.

Паралелно, во тек е и процесот на идентификација на оние кои ги загубија животите, со оглед на тоа дека меѓу загинатите постојат и јагленосани тела.

Во рамките на прелиминарната истрага за причините за несреќата уапсено е едно лице, односно одговорниот на железничката станица во Лариса.

Remote video URL

Местото на несреќата го посетија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателката на Грција Катерина Сакеларопули, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, како и претставници на политичките партии.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа.

-Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично, вели Караманлис во писмената изјава.

Објаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.

-Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем, вели Караманлис

Со одлука на Мицотакис, во Грција е прогласена тридневна жалост, знамињата на сите јавни објекти се на половина копје и одложени се сите јавни настани.

Ова е трета несреќа кај месноста Темпи во изминатите 24 години. Претходните две несреќи се случиле на автопатот. Првата во 1999 година кога автобус со навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК се судрил со камион и седум лица го загубиле животот, а втората, во 2003 година, кога автобус со ученици се судрил со камион со 21 загинат.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе