Honor 20 Pro: Четири камери и врвни перформанси по неверојатно ниска цена

Иако проблемите за Huawei во последните денови стануваат сѐ поголеми, сепак компанијата реши да не чека повеќе и го претстави новиот модел од својот подбренд Honor, наречен 20 Pro.

Honor 20 Pro го претставува самиот врв на понудата на „буџетски“ телефони и е претставен како флегшип модел на брендот.

Дизајнот на 20 Pro го следи трендот на отстранување на „notch“-от од врвот на екранот, така што овој модел има селфи камера која се наоѓа под самиот екран, сместена во мало дупче во горниот лев агол од предната страна.

Honor 20 Pro пристигнува со процесор Kirin 980, во комбинација со 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија за складирање на податоци. Уредот има Full HD+ екран со дијагонала од 6,26 инчи и резолуција од 2.340 х 1.080 пиксели. Овој смартфон користи посебна технологија за ладење со помош на листови од графен, кој ја одржува температурата на процесорот при континуирана употреба и играње игри.

Главниот адут на 20 Pro е неговиот систем од четири камери на задниот дел: главен сензор од 48MP, ултраширока камера од 16MP, телефото сензор со трикратен оптички и петкратен хибриден зум од 8MP и макро камера од 2MP. Дури и на предниот дел се наоѓа супермоќна камера од 32MP.

Телефонот го напојува батерија од 4.000 mAh, која се полни со брз полнач од 22,5W, а од компанијата тврдат дека се потребни само 30 минути за батеријата да се наполни до 50% од капацитетот.

За крај, телефонот ќе има оперативен систем Android, кој нема да може да се ажурира во понови верзии поради санкциите на Google кон Huawei. Цената на Honor 20 Pro изнесува 599 евра.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе