Huawei ќе ги наплаќа своите патенти за 5G технологија

Кинескиот технолошки гигант Huawei ги објави плановите за лиценцирање на патентираната 5G технологија на други производители на паметни телефони.

„Надоместокот за лиценца се заснова на продажната цена на телефонот и е ограничен на 2,5 долари по уред“, соопшти Huawei.

Huawei поседува најмногу патенти за 5G технологија во светот, но се наоѓа под притисок поради трговската војна меѓу САД и Кина, што ѝ го отежнува пристапот до странска технологија.

Компанијата затоа ги засили истражувањето и развојот и на крајот на 2020 година имаше повеќе од 100.000 регистрирани активни патенти во над 40.000 категории во земјите низ целиот свет. Во 2019 година инвестираше 20,3 милијарди долари во истражување и развој.

– Со објавувањето на моделот за лиценцирање, Huawei сака да им ја покаже на компаниите структурата на трошоците на транспарентен начин, изјави адвокатот на компанијата Сон Лиупин.

Huawei во 2020 година поднесе 5.464 апликации за регистрација на меѓународни патенти, речиси двојно повеќе од нејзиниот најблизок конкурент, јужнокорејскиот Samsung.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе