Инспекторатите за една недела спровеле скоро 5.000 контроли, направен чекор и за зајакнување на капацитетите

Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4.959 контроли. Акциските контроли продолжуваат, а согласно заклучокот од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби, истите ќе се зајакнат.

Ова го соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска-Филиповска, денеска на прес-конфренција наведувајќи дека Владата ги задолжила министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем и односи меѓу заедниците со највисок приоритет да ги разгледаат и одобрат годишните планови за вработување во сите инспекциски служби за 2021 година.

Според Грашковска-Филиповска, ова е уште еден чекор во заложбите на Владата за подобрување на кадровската екипираност на инспекциските служби и за создавање ефикасен контролен механизам

Соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 25 до 31 јануари годинава извршил 131 надзор и донел 15 решенија за неправилности. Како што образложи директорката на овој инспекторат Ирина Сотирова-Бухова, решенијата се издадени во однос на  одредени отстапување за користење на лична заштита, што не значи дека сите се во јавни и приватни завствени установи, туку и во и установи што се во ингеренции на контрола на ДСЗИ.

Овој Инспекторат од 25 до 31 јануари издал и 4.373 решенија за изолација и самоизолацијаа, со што, како што посочи Грашковска-Филиповска, продолжува трендот на намалување на издадените решенија

Државниот пазарен инспекторат, пак, спровел 3.571 контрола и 757 надзори поврзани со Законот за заштита на наелението и заразни болести и проколите за работа на угостителските објекти, но и други закони. Притоа се изречени 23 прекршочни пријави, 14 решенија за неправилности и 63 прекршочни платни налози.

Од вкупниот број решенија 5 се за непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа од два во Охрид, и по еден угостителски објект во Госитвар, Тетово и Битола. На сите им е изречена забрана за вршење дејност и соодветно ќе се изрекуваат и платни налози. Не се почитувало работното време и мерката по четири лица на една маса.

Во контролите на Инспекторатот за транспорт е констарирано во девет случаи непочитување на материјални закони и во три непочитување на протоколот за меѓународен сообраќај на ГП „Табановце“.

Инспекторатот за труд за една недела во која се спроведени 367 контроли, донесе 10 решенија и пет прекршочни платни налози. Од 10-те решенија за неправилности едно е за непочитување протокол за превентивни мерки за сите работни места, а пет се за вработени лица кои не носеле заштитна маска на работното место.

Агенцијата за лекови не констатирала неправилности во извршените 14 надзори, Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 390 надзори и изрекла 14 решенија, 31 едукација и еден прекршочен платен налог, додека Државниот инспекторат за животна средина изврши 50 надзори и констатира осум неправилности во областа на животната средина и донесени се шест решенија од кои пет се по Закон за води, а три од Законот за животна средина.

Филиповска-Грашковска најави дека инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период со контроли на терен и неселективно да постапуваат и казнуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање за преземање нвработени по Рамковен договор во инспекторатите, рече дека од  информациите што ги има се уште не се распределени лицата и не се почнати со работа, бидејќи за тоа е потребно да се спроведе целосна постапка за преземањето, како и дека дел од лицата имаат соодветно образование за да можат да бидат инспектори, а дел со образование да бидат распределени на административни места.

За распределените лица по тој основ рече дека ја нема точната бројка, но посочи дека во пазарна инспекција се 35, а во трудова 14 лица.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе