Интересна изјава на Зеленски за односите со САД: Не смеам да ја ризикувам државата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на објавувањето на американските разузнавачки податоци за војната во Украина и рече дека Белата куќа не го информирала за овие непредвидени околности.

Во интервју за Тhe Washington Post, Зеленски објасни дека слушнал за откривањето доверливи информации како и сите други граѓани, преку медиумите.

„Претходно не добив информации од Белата куќа или од Пентагон. Ние ги немавме тие информации. Дефинитивно е лошо. Протекувањето информации не е корисно за угледот на Белата куќа, а верувам и за угледот на САД“, рече Зеленски.

На новинарско прашање дали протекувањето на податоците ја нарушило довербата меѓу Украина и САД, Зеленски истакнува дека изразувањето на приватни чувства не вреди за потенцијалната штета што може да се нанесе на односите, особено во контекст на американската поддршка за Украина.

„Не смеам да ја ризикувам земјата. Онаму каде што можам да зборувам искрено, тоа го правам. Сепак, постојат големи ризици. Да беше тоа моја војна против рускиот претседател Владимир Путин и да бевме двајцата на бојното поле, ќе им кажев на сите што мислам на нив. Овде приказната е малку поинаква. Сите сме одговорни“, истакнува претседателот на Украина.

Првиот човек на Украина изјави и дека не е првпат животот да му се искомплицира со откривањето на информации од САД, туку дека сега е фокусиран на ослободување на територијата од руската окупација.

„И покрај ваквите трендови во вестите, морам да ја подготвам земјата за деокупација. Тоа е моја задача. Се сеќавате ли како заврши мојот разговор со Трамп? Беше објавен. Да бидам искрен, ниту за тоа не дадов дозвола“, рече тој.

На крајот, тој повтори дека секое објавување информации за движењата на украинската армија не е во корист на оваа земја.

„Сè што однапред го информира непријателот на овој или оној начин е дефинитивно минус за нас. Не гледам никакви предности“, заклучи Зеленски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе