Иако досега имавме можност да ја гледаме во различни комбинации, со фустанот што го носеше по повод отворањето на изложбата „Thierry Mugler: Couturissime“ нѐ остави без зборови, а многумина се согласуваат дека 35-годишната манекенка изгледа навистина беспрекорно.
Кројот на тесниот фустан со исклучително длабоко деколте наликува на опашка од сирена.
Целосно покриен со светки во комбинација од црна, сребрена, кафена, зелена, златна и сина боја, фустанот малку нѐ препушта на имагинацијата.
Креацијата на Тјери Муглер е стара скоро 25 години и припаѓа на колекцијата кутур од 1997 година.