УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Иста ситуација, друга одлука: Зошто Шпанија доби гол, а Холандија не?

Израмнувачкиот гол на Шпанија против Грузија во синоќешниот натпревар од осминафиналето на ЕУРО 2024 предизвика многу контроверзии.

Се играше во 29. минута, Грузија имаше предност од 1:0, а Шпанците долго време ја плетеа мрежата околу грузискиот гол.

Родри ја испрати топката лево до Нико Вилијамс, кој му ја врати назад. Со одличен прв допир, Родри се постави за шут со левата нога и погоди за 1:1, но Грузијците, како и многу неутрални гледачи ширум светот, беа убедени дека судијата во ВАР собата, Жером Бризар, ќе го поништи голот.

Имено, во моментот кога Родри шутна, Алваро Мората беше во офсајд позиција. Иако не играше со топката, беше доволно блиску до патеката на топката за да му смета на голманот Гиори Мамардашвили.

Од ВАР собата немаше никаква реакција, па главниот судија Франсоа Летексје покажа кон центарот.

Фудбалските фанови ширум светот се незадоволни од одлуката на француските судии, бидејќи во групната фаза поради слична ситуација беше поништен гол за Холандија против Франција.

При резултат 0:0 во 68. минута Мемфис Депај шутираше, Мајк Мењан одбрани и топката дојде до Чави Симонс. Тој ја затресе мрежата на Мењан, но голот беше поништен поради тоа што Дензел Думфрис беше во офсајд.

Думфрис во моментот на ударот на Симонс стоеше на неколку метри од Мењан, а ВАР судијата Стјуарт Атвел, откако долго го гледаше видеото, оцени дека Холанѓанецот му пречел да интервенира.

Холанѓаните сметаа дека Думфрис е доволно далеку од Мењан, дека не можел да му пречи и дека голот требало да биде признат.

По сличниот гол на Родриго синоќа и различниот епилог од судиската одлука, нема сомнеж дека Холанѓаните ќе бидат уште повеќе разочарани.

Голот на Родри е на 1:55 на видеото:

Remote video URL

а Симонс на 0:40:

Remote video URL
Тагови
реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Read more

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Read more

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе