Јапонец направи вистински Трансформер
Станува збор за хуманоиден робот што го менува својот облик и за 60 секунди се претвора од автомобил во машина висока 4 метри. Возилото има место за двајца патници, а се вика J-deite RIDE.
„Трансформерот“ од вистинскиот живот е дело на компанијата Brave Robotics, чиј директор Кенџи Ишида е долгогодишен фан на популарниот серијал „Transformers“.
„Израснав верувајќи дека роботите се способни да направат вакви работи, а тоа стана моја мотивација да го направам овој робот“, рече Ишида.