ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЧЕШКА/ГРУЗИЈА/ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА 2022

Јокиќ потврди - ќе игра за Србија на ЕвроБаскетот

Најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ му се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ за претстојното Европско првенство во кошарка.

Никола Јокиќ ќе игра за Србија на претстојниот ЕвроБаскет, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија. Она што синоќаа можеше да се навести од пораката на неговиот агент Миодраг Ражнатовиќ, денеска доби и официјална потврда.

Јокиќ разговарал со селекторот Светислав Пешиќ и му се „стави на располагање“ за претстојниот ЕвроБаскет, односно во август ќе учествува во квалификацискиот прозорец. Така, Србија ќе атакува на златото со најдобриот играч на светот, двократен последователен освојувач на МВП наградата во НБА лигата.

„Учеството во репрезентативните акции поврзани со ЕвроБаскетот, односно квалификацискиот прозорец во август, го потврди и Никола Јокиќ, кој ќе биде со репрезентацијата од првиот ден кога тоа ќе го дозволат правилата на НБА“, изјави директорот на репрезентацијата Драган Тарлиќ.

„Од друга страна, здравствената состојба на Богдан Богдановиќ е таква што бара трпение, во овој момент најважно е тој да се опорави и да се врати во полн сјај на теренот, а кога тоа ќе се случи не е сосема сигурно, бидејќи проценките денеска може да само провизорни. Во редовен контакт сме со сите други кандидати, ги следиме и разговараме за плановите со заедничка цел, а тоа е да нашата репрезентација да биде најсилна во секој момент“.

Тарлаќ изјави и дека редовно разговара со сите кандидати за националниот тим, ги следи нивните игри и „различни ситуации во напорниот крај на клупската сезона“, а најголем дел од проблемите се пред првите обврски во мундијалските квалификации.

„Ситуацијата е особено сложена во однос на првите два натпревара кои нѐ очекуваат, против Латвија и Белгија, а меѓусебното разбирање и трпение се многу важни. Она што е сигурно е дека НБА играчите имаат граница кога станува збор за максималниот број на денови што можат да ги поминат со репрезентацијата во текот на едно лето“.

Првите обврски на српската репрезентација ќе бидат во текот на јуни и јули. Најпрвин во рамките на квалификациите за Светското првенство Србија ќе игра против Латвија на 30 јуни во Рига, додека на 3 јули во Ниш ќе се сретне со Белгија.

Кон крајот на август следува нова рунда квалификации за Светското првенство во новоформираната група каде селекциите на Обединетото Кралство, Грција и Турција ќе им се приклучат на Белгија, Латвија и Србија. Потоа ќе следува Европското првенство кое ќе се игра од 1 до 18 септември.

Да потсетиме, Србија во групната фаза на ЕвроБаскетот игра против Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе