НБА 2021/22

Јокиќ славеше против Ембиид во дуелот на МВП кандидатите, блескава вечер за Кари и Таунс

Во текот на ноќта се одиграа девет натпревари во НБА лигата, а неколку дуели беа во центарот на вниманието.

На натпреварот меѓу Филаделфија и Денвер видовме директен дуел на двајцата главни кандидати за титулата МВП оваа сезона, Жоел Ембиид и Никола Јокиќ.

Иако Камерунецот имаше подобар учинок, сепак на крајот Србинот се радуваше бидејќи неговиот Денвер славеше со резултат 114:110.

Јокиќ во победата на својот тим учествуваше со 22 поена, 13 скока и 8 асистенции, додека Ембиид натпреварот го заврши со 34 поени, 9 скока и 4 асистенции.

Remote video URL

Феноменална ноќ зад себе оставија и Стеф Кари и Карл-Ентони Таунс во победите на нивните Голден Стејт и Минесота.

Голден Стејт го победи Вашингтон со 126:112, а Кари даде 47 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Remote video URL

Минесота славеше во Сан Антонио со 149:139 каде Таунс натпреварот го заврши со дури 60 поени и 17 скокови.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Лос Анџелес Клиперс 120:111 прод.
Атланта Хокс - Портланд Треил Блејзерс 122:113
Филаделфија 76ерс - Денвер Нагетс 110:114
Оклахома Сити Тандер - Шарлот Хорнетс 116:134
Сан Антонио Спарс - Минесота Тимбервулвс 139:149
Голден Стејт Вориорс - Вашингтон Визардс 126:112
Сакраменто Кингс - Чикаго Булс 112:103
Јута Џез - Милвоки Бакс 111:117
Лос Анџелес Лејкерс - Торонто Репторс 103:114

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Кошарка

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more
 

Спорт

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе