Кадиров покажа како се прават склекови на руска телевизија

Низ социјалните мрежи се прошири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руска телевизија.

Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика.

„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис во описот на снимката..

Во телевизиското студио беа и членови на придружбата на чеченскиот лидер, кои со аплауз ги поздравија неговите склекови.

URL

Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.

Украинската служба за безбедност во средината на ноември распиша потерница по Кадиров, а информациите за тоа беа споделени на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи. Кадиров беше обвинет по три точки, вклучително и водење агресивна војна и извршување намерни дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе