ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Како Барса при беспарица ќе си го дозволи Феран Торес?

Финансиските проблеми на каталонскиот гигант се одлично документирани, па оттаму многумина се прашуваат како клубот ќе плати 55 милиони евра за шпанскиот репрезентативец од Манчестер Сити.

Барселона има дупка од 1 милијарда во својот буџет, но и покрај тоа е на прагот да го купи напаѓачот на „Граѓаните“ за цена која за неа во моментов е баснословна. Како?

Доведувањето на Торес има многу мислам со оглед на тоа што Чави инсистира на квалитет во нападот. Барса е очајна за играч кој може да дава голови и да му помогне на тимот за заврши во првите четири за да не испушти пласман во Лигата на шампиони.

Торес, кој летото 2020 од Валенсија премина во Манчестер Сити, не успеа да се избори за стандардно место на „Итихад“ и поради тоа и самиот играч е желен за премин во Барса, и покрај лошата состојба на клубот.

Барселона неодамна зема на позајмица половина милијарда евра од инвестициската банка Goldman Sachs. Но, проблем претставуваат и правилата за финансиски фер плеј и ограничувањата на трошоци кои Ла Лига внимателно ги следи особено во проблематичната Барселона и кои тие ги надминуваат. Тоа значи дека Барселона банкарската позајмица не може да ја троши на нови играчи, туку на други клупски трошоци како стандардни набавки, плати на вработени (освен играчи и тренери), одржување терени и др.

Како штро Барса мораше да чека по последните моменти од летниот трансфер период за да го регистрира Серхио Агуеро, благодарение на тоа што Жорди Алба и Серхио Бускетс се согласија да си ги намалат платите, така сега и Торес нема веднаш да може да игра и ќе чека да се скратат некои клупски трошоци.

На Барса многу ѝ помогна тоа што Агуеро одлучи да се пензионира и со тоа договорот од втората година престана да му важи, а тоа значи престанок на одредени трошоци за клубот. Ла Лига сега на Барселона ѝ дозволува да троши во сооднос 1:4 што значи дека на секои 100 милиони евра заштеда смеат да потрошат 25 милиони евра за трансфери и плати на нови играчи.

Спортскиот директор Матеу Алемањ ќе инсистира Торес да се согласи на мала плата во првите шест месеци, плата која потоа со тек на време ќе расте. Целта е да се минимизираат трошоците за тековнава сезона. Воедно, 55-те милиони евра што треба да ги добие Манчестер Сити ќе бидат отплаќани на рати.

Така Барса и покрај кризата ќе може да го донесе Феран Торес.

Дополнителен финансиски стимул може да дојде доколку си заминат играчите кои Чави ги смета за вишок. Еден таков е Филипе Кутињо кого Барса најмногу би сакала да го продаде, но би се согласила и со позајмица само за друг да му ја дава платата. Потоа, на продажба се ставени и дефанзивецот Самуел Умтити, како и резервниот голман Нету.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе