Како да откриете заборавена Wi-Fi лозинка?

Неколку едноставни чекори ќе ви ја откријат заборавената лозинка, а со овој трик ништо не можете да расипете.

Секому му се случува - лозинката на Wi-Fi мрежата се заборава, особено кога извесно време не поврзуваме нови уреди на познатата мрежа или е доволно комплицирана, па е тешко да се запомни.

Ако ова ви се случило, сте ја заборавиле лозинката или сакате да му помогнете некому што ова му се случило, имаме лесно решение за овој проблем.

Windows 10 (се надеваме дека вие или некој кому му треба помош не користи Windows 7) има алатка која ќе ви помогне да се сетите на вашата заборавена Wi-Fi лозинка.

Се разбира, тоа е Command Prompt, што ни олеснува при решавањето многу проблеми и ни овозможува да работиме во многу ситуации, дури и во оваа.

Windows 10 Command Prompt овој пат има можност да изврши одредена скрипта, што ќе ви овозможи да ја потврдите лозинката за Wi-Fi. Дополнително, сајтот MakeUseOf тврди дека ништо не може да се расипе при оваа процедура.

Потребна ви е датотека .bat и неколку минути трпение за да ја откриете лозинката за Wi-Fi.

Првиот чекор е да го проверите SSID на мрежата, што всушност е името на вашата или туѓата Wi-Fi мрежа. Најбрзиот начин е да кликнете на иконата за Wi-Fi мрежа во долниот десен агол на лентата со задачи или да отидете на подолг пат - Settings, Network & Internet и потоа во Status. Таму веднаш ќе го забележите името на мрежата, она напишано во заграда.

Кога го имате името на мрежата, отворете го стариот добар Notepad и напишете netsh wlan show profile name="вашиот_SSID" key=clear pause или во нашиот случај show profile name="MI2" key=clear pause (не бришете ги наводниците околу името на мрежата!). Зачувајте го овој документ според шемата и како File, Save As и Text Documents променете го во All Files. Името на датотеката нека биде како што вие сакате, не е важно, но наставката мора да биде .bat.

Остананува уште двапати или еднаш, во зависност од тоа како ви е подесен Windows 10, да кликнете на новосоздадената датотека и да го видете името на Wi-Fi мрежата - се наоѓа веднаш до опцијата Key Content.

Забелешка: Со оваа постапка не е можно да се промени лозинката на мрежата.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Интернет

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе