Како да препознаете проблеми со хард дискот и што да направите?

Хард дисковите, како и сите други делови на компјутерот, не траат засекогаш.

Еве неколку знаци дека е време да го замените дотраениот хард диск со нов.

Корумпирани податоци и сè поголем број лоши сектори

Ако забележите нешто од ова, вашиот хард диск можеби е „ на крај на силите“:

  • Грешки при отворање, преместување или зачувување фајлови
  • Фајловите не се отвораат
  • Корумпирани податоци во фајловите
  • Фајловите сами исчезнуваат

Корупцијата на податоците обично се јавува кога се создаваат податоците. Можеби проблемот е во некој штетен софтвер, односно вирус, но може да е до хард дискот.

Bad sectors или лоши сектори се оние делови на дискот што не можат да складираат податоци како што треба. Ако имате Windows, тој автоматски ќе ги препознае и обележи, и ако ви е расипан хард дискот, ќе има сè повеќе такви сектори со тек на време.

За да се обидете да зачувате барем некои податоци од овие лоши сектори, пробајте го следново.

Windows + E -> This PC -> десен клик, па Properties -> Tools -> Check. Можете да направите и потемелен преглед, но трае малку подолго.

Отворете command prompt како администратор -> chkdsk/r c: (za C: disk) -> притиснете Y и дозволете CHKDSK да го рестартира компјутерот.

Забавување на компјутерот, чести „багови“, „син екран на смртта“

Една од најчестите причини за оваа комбинација на „симптоми“ е токму расипан хард диск. Секако, можете прво да се обидете со ажурирање на оперативниот систем или да влезете во Safe Mode и да видите што можете да направите оттаму, но ако ништо од тоа не успее – најверојатно станува збор за хард дискот.

Чудни звуци

Ако слушнете нешто што е невообичаено кога работи вашиот компјутер, тоа може да биде проблем. Повторливиот звук познат како „клик на смртта“ најверојатно е предизвикан од обид на главата на хард дискот да напише податоци, но не успева. Исто така, звуци на гребење или пиштење не се добар знак.

Што да направите ако сакате да го смените хард дискот?

За почеток, направете сигурносна копија. Можете да направите копија преку интернет, користејќи OneDrive или нешто слично.

После тоа, заменете го дискот и едноставно пренесете ги сите податоци на новиот. Не заборавајте да ги избришете целосно од стариот кога дефинитивно повеќе не ви требаат. Многу луѓе решаваат физички да го уништат, но тоа не е најсреќното решение за животната средина.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе