Како да препознаете токсични пријатели?

Секое пријателство не вреди злато. Некои луѓе може да бидат опасни по нашиот душевен мир и емотивната состојба. Како да ги препознаете овие токсични пријатели?

 

Повеќето луѓе имаат пријатели за кои би направиле сѐ  на светот и пријатели кои би го направиле истото за нив. Понекогаш имаме пријателства за кои во еден момент ќе сфатиме дека повеќе ни создаваат грижи и непријатност, отколку убави спомени.

Ако сфатите дека после средбата со тие луѓе се чувствувате исцрпено, дека тие личности не знаат да се радуваат на убавите работи што ви се случуваат и секогаш се жалаат дека само ним им се случуваат лоши работи и неправди, најверојатно станува збор за токсично пријателство.

Психолозите велат дека има пет знаци дека тоа пријателство е неискрено и штетно за вас. Еве на што треба да обрнете внимание:

Кој иницира контакти?

Важен показател на пријателските односи е релативно рамномерното иницирање на контактите. Ако само едната страна вложува поголем труд, тоа не е здрав пријателски однос. Ако сте вие оној кој претежно закажува средба или дружење, повлечете се чекор назад. Почекајте да видите дали тоа ќе се одрази на вашето пријателство. Ако другиот не ви се јави со денови, освен кога му треба помош или некој да го сослуша за неговите „проблеми“ и на вас да ја префрли фрустрацијата и негативната енергија, тоа не е пријател на кој може да сметате.

Како се чувствувате после средбата?

Ако после секоја средба со овој пријател се чувствувате исцрпено, ако сте лути и полни со негативна енергија, тоа е сигурен знак дека друштвото на таа личност не ви одговара. Пријателството подразбира дека после средбата со таа личност ќе се чувствувате добро, дури и во моментите кога навистина поминува низ тежок период.

Дали се радувате на закажаната средба?

Секогаш треба да се радувате на средбите со пријателите. Верувале или не, вистинските пријателства позитивно делуваат на нашиот имунитет. И кога им е тешко или им треба совет, средбата со пријателите треба да направи да се чувствуваме сигурно, корисно и сакано.

Дали таа личност ги поддржува вашите животни цели и соништа?

Ако некој постојано ве критикува, ги доведува во прашање вашите соништа и планови или зборува лошо за другите луѓе во вашиот живот, прашајте се дали таа личност ви посакува добро. Пријателските замерки и совети се едно, но сосема друга ситуација е кога имате чувство дека таа личност ги поткопува сите ваши идеи.

Дали секогаш е проблем да се договорите за средба?

Ако пријателката или пријателот секогаш е „во гужва“ кога ги викате на кафе, ги откажува договорените средби или едноставно не е тука кога ви треба, прашајте се дали таа личност воопшто ви треба во животот. Ако некому му служите само за да ги пополни со вас „дупките“ во слободното време или да ги истури на вас своите фрустрации, не заслужил да биде ваш пријател, нели?

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе