Како да „раскинете“ со вашиот смартфон?

Колку често ветувате дека нема повеќе да го чепкате телефонот, за само неколку минути подоцна да се затекнете како сте повторно со телефонот во рака и скролате на Facebook? Постојат голем број тактики кои можете да ги примените за да не си го губите времето „играјќи“ си со телефонот, но треба да ја одберете вистинската за таа да има ефект.

Најголемиот проблем не е во триковите, ниту пак во телефонот, туку во начинот на кој вашиот мозок ја прима информацијата дека му забранувате пристап до нешто.

Кетрин Прајс, автор на книгата „Како да раскинете со телефонот: 30-дневен план за враќање на животот во ваши раце“, вели дека наместо да го претставувате некористењето на смартфони како казна, третирајте го како награда. За да го направите тоа ќе ви треба голема доза на самоконтрола и трпение, но на крајот сигурно ќе ви се исплати.

„Ако речете дека ќе си купите телефон кој нема пристап до интернет, или пак си го ограничите времето на користење телефон на 40 минути во денот, тогаш му сигнализирате на мозокот дека нешто ви е забрането. Наместо тоа, проучете ги вашите навики и потреби за да одредите колку време можете да поминете БЕЗ смартфонот“, вели Прајс.

Кога ќе почнете да го сметате времето поминато без смартфон како награда за самите себе, тогаш ќе почнете да станувате свесни дека навистина сте одлучни да се откажете од прекумерното користење кое ви одзема премногу време.

Научните податоци велат дека ако посветите четири часа дневно на било што, со тек на време ќе станете добри во таа активност. Епа, ако посветувате четири часа дневно на смартфонот, тогаш ќе станете добри во користење на смарфтон (што и не е така тешко), но ќе немате доволно време за сите останати активности. Поради тоа, првиот чекор што треба да го направите е да не дозволите смартфонот да ви биде дистракција. Кога и да ви стане досадно, немојте да погледнувате кон смартфонот, туку наместо тоа пробајте некоја друга активност. Прочитајте книга или списание, играјте некоја друштвена игра, или пак едноставно прошетајте се.

За да си го олесните овој процес би било подобро доколку инсталирате некоја апликација која ќе ви покажува колкав дел од денот сте „закачени“ на телефонот, колку пати во денот го подигате за да видите нешто и слично. Најдобра од нив е Forest, која е достапна за iOS и Android.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе