Како да знаете дали сте се заразиле со новите варијанти на коронавирус?

Животите ни се сменија многу во последните две години од почетокот на пандемијата на COVID-19, и додека животот полека се враќа во нормала, пандемијата не е завршена.

Луѓето сè уште се заразуваат со коронавирусот и бројот на заразени се зголемува во многу области.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа во Македонија направени се 1.489 тестови, а регистрирани се 511 нови случаи на COVID-19, од кои 129 се реинфекции.

BA.4 и BA.5 се две нови варијанти кои предизвикуваат зголемување на бројот на нови инфекции. Овие подваријанти се загрижувачки поради нивната способност брзо да шират инфекција и да заразат луѓе кои претходно прележале ковид.

Колку е ефикасна вакцината против новите варијанти?

Вакцината штити од COVID-19 на начин што ве штити од потешки форми на болеста и хоспитализација. Во моментов, истражувањата покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни против новите варијанти.

Зошто луѓето сè уште треба да се вакцинираат ако оригиналната варијанта повеќе не е доминантна?

Често ја слушаме фразата дека нема гаранции во животот. Ова важи и за COVID-19. Иако оригиналниот сој не е доминантен, тоа не значи дека не можете да се заразите. Ако сте вакцинирани и бустирани, тоа ви нуди најдобри шанси да не доживеете посериозна форма на болеста, хоспитализација или смрт.

Кои се знаците дека сте заразени со нова варијанта на вирусот?

Нема сигурни знаци дека сте заразени со нова варијанта на вирусот. Ако имате симптоми на COVID-19 како кашлица, замор, болки во телото, притисок во синусите и губење на мирис и вкус, контактирајте со вашиот лекар.

Како да останете заштитени?

Следете ги здравствените совети и помогнете да се стави крај на пандемијата. Вакцинирајте се или примете бустер доза што е можно поскоро. Ако живеете во област со мала покриеност со вакцинација, носете маска N95, не патувајте, одржувајте физичко растојание, избегнувајте големи собири, мијте ги рацете и заштитете го вашиот живот и животите на другите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе