Како јадењето јајца може да влијае на слабеењето?

Ф.З.
/ 24.02.2024 / 11:30

Јајцата се едни од најдобрите извори на протеини кои можете да ги вклучите во вашата исхрана. Ако сакате да изгубите тежина, јајцата можат да бидат опција за појадок, ручек или вечера.

Ејми Гудсон, регистрирана нутриционистка, откри што точно јадењето јајца му прави на вашиот струк.

Без разлика дали сакате да ги намалите мастите од стомакот или телесните масти, јајцата се одлична опција богата со протеини што треба да ја земете предвид во вашите оброци. Едно големо јајце содржи околу 6 грама протеини и само 72 калории.

„Познато е дека протеинот повеќе заситува од јаглехидратите или мастите, што може да помогне во контролата на апетитот и да се намали севкупниот внес на калории. Со вклучување на јајца во вашите оброци, може да се чувствувате посити подолги периоди, што доведува до намалено грицкање и потенцијално помала потрошувачка на калории во текот на денот“, додава таа.

Премногу од се никогаш не е добро, а јајцата не се исклучок од правилото.

„Премногу од која било храна, здрава и богата со хранливи материи или не, може да биде лоша за вашиот струк. Важно е да се напомене дека храната не тера некого да се дебелее, туку дополнителните калории, без разлика од каде доаѓаат тие калории. Релативно кажано, јајцата се нискокалорична храна. Плус, нивната содржина на протеини и масти треба да ви помогне да се чувствувате задоволни подолго време по оброците и ужините“, објаснува таа.

Дополнително, ако јајцата се варат во премногу маснотии, како што се масло или путер, или ако се уживаат со висококалорични прилози како полномасно сирење, сланина или бел леб, бројот на калории во вашиот оброк брзо ќе се зголеми. Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина ако наведениот оброк содржи повеќе калории отколку што ви е потребно за денот.

реклама

Фит

Неколку здравствени придобивки од редовната физичка активност

Read more

Дали е безбедно да трчате на студ?

Read more

Што треба да јадете за повеќе енергија, подобро варење и здраво слабеење?

Read more

Три навики што треба да ги усвоите за ефикасно и здраво слабеење

Read more
 

Магазин

Спанаќ за само 10 минути

Читај повеќе

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Читај повеќе

Што треба да имате во спалната соба според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе