Како ќе изгледа патувањето со авион во „новата нормала“?

Некои од големите авиокомпании веќе соопштија дека патниците мора да носат маска за лице на летовите за да се спречи ширењето на новиот коронавирус во „новата нормала“ што веќе се спроведува во земјите ширум светот.

Американските авиокомпании неделава ќе ги соопштат новите мерки и препораки за заштита на здравјето и безбедноста на патниците и екипажот на лет. Други авиопревозници ширум светот исто така ќе го направат носењето маски на лет задолжително кога ќе се рестартира патничкиот авиосообраќај.

Иако околу 90% од меѓународните летови се откажани, авиокомпаниите се надеваат дека авиосообраќајот ќе почне постепено да се враќа уште во мај.

Американската авиокомпанија Delta вчера соопшти дека патниците ќе мора да носат некаква прекривка за лицето во делот за чекирање, во премиум лаунџ просториите, на терминалите за бординг, како и цело време во текот на летот.

American Airlines и United исто така соопштија дека носењето некаква маска ќе биде задолжително, како за патниците, така и за екипажот на лет. Авиопревозниците велат дека ова се привремени мерки во периодот на рестартирање на летовите.

„Прекривките за лице ќе бидат задолжителни за сите патници и компанијата ќе обезбеди бесплатни маски за патниците“, изјави Меди Кинг, портпаролка на United Airlines.

Сепак, има авиокомпании кои нема да воведуваат задолжително носење маска. Qantas соопшти дека „во Австралија носењето маска не е задолжително“, и дека „ни Владата, ни авиокомпаниите уште немаат донесено одлука за тоа какви мерки ќе има откако ќе се укинат забраните за патување“.

Австралискиот национален авиопревозник на својата веб-страница објави:

„Иако ризикот од заразување со новиот коронавирус во авион се смета за низок, на сите летови ќе се спроведува строго социјално дистанцирање.“

Поголемите авиокомпании веќе спроведуваат најстроги мерки за чистење и дезинфекција на површините и местата каде има најголема концентрација на луѓе и летаат со намален број на патници на секој лет. На патниците им се препорачува да носат своја храна и пијалаци на лет за да се намали контактот со други лица.

Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air уште од 1 мај најави дека ќе мора екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност  ќе се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците.

Италијанската компанија Avio Interiors, која се занимава со уредување на внатрешноста на авионите, понуди неколку идеи за новата поставеност на седиштата откако ќе заврши пандемијата.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе