Како најлесно да исчистите восок од чаршав и свеќник

Ви дошле гости на свечената празничка трпеза која сте ја украсиле со свеќи. Сте си поминале убаво, но потоа доаѓа времето кога сѐ треба да исчистите. Стопениот восок од свеќите често знае да заврши наталожен не само на свеќникот, туку и на чаршавот, а тоа може да биде вистински предизвик за отстранување.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Без разлика дали се религиозни или украсни свеќи, тие се дел од празникот кој го одбележувате, како слава или именден. Важно е да обезбедите добри држачи за свеќи (иако и тие треба да се чистат), а под свеќите чувајте украсни салфетки или слични подлоги за да спречите восокот да падне на чаршавот. Можете да ги премачкате и свеќниците со масло пред да ја запалите свеќата. На тој начин потоа од нив полесно ќе можете да го отстраните восокот.

Сребро

Ако за празникот одлучите да извадите свечен сребрен свеќник, сигурно не сакате и да го уништите. Мора да бидете понежни со овие свеќници. Кога ќе треба да го исчистите, ставете го прво во замрзнувач едно 20 минути. Потоа отстранувајте восокот со прстите (а не со тап нож како во претходните случаи). Отстранете ги остатоците со потопување памук во 70% алкохол и нежно избришете го свеќникот.

Метал

Ако имате метални свеќници, тогаш знаете дека во тој случај проблемот со восокот е малку поголем. Но и за тоа има решение. Во поголемо тенџере зовријте вода, тргнете од оган, па потопете ги свеќниците во топлата вода и оставете ги да отстојат додека водата целосно не се излади. Како што водата се лади, восокот ќе почне да паѓа од свеќникот. После тоа, сѐ што треба да направите е да ги извадите од водата и да ги избришете со груба крпа или пешкир. (Наместо металните свеќници да ги ставате во врела вода, можете да ги ставите и во замрзнувач, а потоа само да го излупите восокот од нив).

Од чаршав

Ставете го и чаршавот во замрзнувач, а кога восокот ќе замрзне, со тап нож нежно извадете го. Над чаршавот ставете парче кафена хартиена кеса, а потоа поминете неколку пати со пегла (малку посилно). Восокот ќе се залепи на парчето кеса. Заменете ја хартијата и повторете ја постапката додека не го извлечете целиот восок од ткаенината. Потоа измијте ја покривката за маса, како и обично.

Пластика и стакло

Без разлика дали е пластичен или стаклен свеќник (или некој друг предмет на кој паднал восок), прво ставете го во замрзнувач едно 30 минути. Кога восокот е замрзнат, лесно е да се отстрани од свеќникот. Ако остане малку восок, отстранете го со крпа и малку бебешко масло.

Генерално, можете да го отстраните од подот и мебелот со помош на парче весник и пегла. Само ставете весник над дамката и испеглајте го неколку пати (но не пресилно).

Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Живот

Кои се најпопуларните имиња во светот?

Read more

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Read more
 

Магазин

Кои се најпопуларните имиња во светот?

Читај повеќе

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најчудната мачка во светот: Личи на врколак и е многу интелигентна

Читај повеќе

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Читај повеќе

4 знаци на рак на дебелото црево на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Три работи што апсолутно ви се потребни ако сакате успешна врска

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Читај повеќе

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Читај повеќе