Како пропадна договорот меѓу Барса и Меси: Сѐ беше готово, ситница промени сѐ

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, не ги обвини Лионел Меси и неговиот татко што на крајот одлучија Аргентинецот да ја продолжи кариерата во редовите на американскиот Интер Мајами, иако, како што се тврди, тој веќе постигнал договор со каталонскиот клуб.

Лапорта изјави дека Барселона секогаш ќе биде дом на Меси, а раскажа и како пропаднала првично склучената зделка и која била вистинската причина за заминувањето на Меси во американската МЛС.

„Имаме добри односи со Меси, но не сме разговарале откако тој се пресели во Интер Мајами. Му посакуваме сѐ најдобро во МЛС, и нека знае дека Барселона секогаш ќе биде негов дом. Нашата врска заврши во моментот кога тој отиде во Париз, потоа се обнови кога го договоривме неговиот трансфер, но двете страни не можеа да се договорат и да го постигнат тоа што го сакаа“, изјави Лапорта и продолжи:

„Дали Меси некогаш повторно ќе игра за Барселона? Мислам дека ситуацијата овде е многу комплицирана. Мораме да го прашаме. Тој имаше идеја да се врати и ни се допадна, Чави, Управниот одбор на Барселона и јас сакавме повторно да го видиме во дресот на Барселона, но не успеавме да се договориме. Меси многу се грижи за себе, има исклучителен талент и секогаш може да покаже фудбал на највисоко ниво, но сепак мислам дека можеме без него“.

Тој додава дека зделката била направена, но на крајот сепак во клубот дошол неговиот татко и ја пренел информацијата дека Меси го избрал Интер Мајами.

„Договорот беше целосно договорен, но неговиот татко Хорхе сакаше да дојде и да разговара со мене. Тој ни кажа дека Лионел го избрал Интер Мајами бидејќи поминал тешки сезони во Париз, каде што бил ставен под голем притисок и дека во МЛС ќе му биде помирно. Иако сакаше да се пресели во Барселона, не сакаше да помине уште една таква година“, нагласува Лапорта.

Минатата сезона Меси одигра вкупно 32 натпревара во Лиг 1 за ПСЖ, постигна 16 гола и додаде 16 асистенции.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Фудбал

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе