Канадскиот премиер е политичар кој знае што зборува
Пред еден месец пишувавме за канадскиот премиер Џастин Трудо, а овој пат тој повторно го привлече вниманието на јавноста поради неговото познавање и разбирање за принципот на работата на квантните компјутери.
Ова видео со младиот премиер е доказ дека освен што е згоден, кул и шармантен тој и точно знае што зборува.
За време на посетата на Институтот за теоретска физика во Ватерлу канадскиот премиер одговори на саркастичниот коментар на еден новинар за неговото познавање на квантните компјутери, одржувајќи му притоа кратка лекција од оваа област.