Голден Стејт Вориорс убедливо го победи Милвоки Бакс со 125:90, а во фокусот беа главните ѕвезди на тимот.

Стеф Кари постигна 29 поени со 8 скока и 5 асистенции, додека Јанис Адетокунбо уфрли 23 поени со 7 скока и 6 асистенции. Конгоанецот Џонатан Куминга од Голден Стејт имаше 20 поени, исто колку Демиен Лилард и Боби Портис кај Милвоки.
Вориорс ги добија првите две четвртини со 8 и 12 разлика, па на полувреме заминаа со плус 20, но Бакс во третата се вратија во игра добивајќи ја со 23:15. Сепак, домаќините имаа неверојатна завршница во последната четвртина, која ја добија со дури 23 поени разлика, односно 32:9.
Леброн Џејмс постигна 31 поен со 13 асистенции, но ниту тоа не им помогна на Лос Анџелес Лејкерс да го совладаат Сакраменто Кингс. Гостите славеа со 130:120.
Одличниот ДеАрон Фокс ги предводеше „Кралевите“ до победата со дури 44 поени, на што додаде по 4 скока и асистенции. Трипл-дабл за Сакраменто имаше Литванецот Домантас Сабонис со 16 поени, 20 скока и 12 асистенции, а се истакна и Малик Монк со 26 поени. Кај Лејкерс, Јапонецот Руи Хачимура беше шутерски расположен уфрлајќи 29 поени.
Резултати:
Вашингтон Визрдс - Орландо Меџик 109:119
Атланта Хокс - Кливленд Кавалирс 112:101
Хјустон Рокитс - Лос Анџелес Клиперс 116:12
Филаделфија 76ерс - Мемфис Гризлис 109:115
Јута Џез - Чикаго Булс 117:119
Голден Стејт Вориорс - Милвоки Бакс 125:90
Портланд Треил Блејзерс - Оклахома Сити Тандер 120:128
Лос Анџелес Лејкерс - Сакраменто Кингс 120:130
Табела: