Карневалска река низ Струмица

Кралот синоќа објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна, почна да тече карневалската река од 41 група со 1.200 учесници со 300 гости од странство, кои на Интернациналната вечер повеќе од 3,5 часови ќе дефилираат низ улиците на градот.

Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите кореографии пред жирито и публиката. Темите беа најразлични-Струмичка корида, љубов, музика, јунаци од филмовите и многу други кои под ритмот на музиката имаа волшебен сјај.

Струмички карневал 1-Струмичката корида освен традицијата низ движење и музика ја истакнува храброста на момчињата и девојките и ја слави љубовта, бикот не го убиваме, што е и порака за хуман однос на луѓето кон животните, порача учителката Соња Цицимова од ОУ „Видое Подгорец“, која и годинава со своите ученици и нивните родители учествуваат со маската „Струмичка корида“.

На почетокот на карневалот, синоќа се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Денес сите патишта водат кон Струмица, затоа што вечерва Струмица е центар на светот. Тоа не прави неизмерно горди, оти сите ние сме верни негувачи на традицијата, оти сите ние ја вардиме културната оставнина на овој град, оставнина на чиј пиедестал се наоѓа нашиот Струмички карневал. Станува збор за традиција која има древно минато од повеќе векови, станува збор за прекрасно „разгрането дрво“ кое има многу длабоки корени. Тие корени на Струмичкиот карневал зборуваат и за нашите корени, но и за корените на овој град под кулите на Струмица, кој датира од многу, многу одамна, рече струмичкиот градоначалник кој во своето обраќање ги поздрави гостите од земјава и странство, претставници на дипломатскиот кор во државата и владини претставници.

Најдобрите карневалски креации ги оценува жири комисија, а и публиката можеше преку онлајн гласање да гласа за една маска. За најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денес, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе