Ќе биде како штотуку купено: Трикови за чистење сребро

Среброто од дамнешни времиња е омилено поради неговиот сјај и трајна популарност. Меѓутоа, во контакт со кожата или која било друга течност, дури и со вода, тоа го губи својот карактеристичен сјај и потемнува. Кога ќе се случи накитот да ја промени бојата, важно е да бидете подготвени.

Оцетот како сојузник

Наједноставниот начин за чистење на среброто е со помош на оцет. Потребен ви е сад во кој ќе ставите 2-3 децилитри оцет (ако се работи за поголема количина накит од сребро), секако, прилагодете ја количината на оцет на вашиот накит. Важно е целиот накит да биде потопен во оцет. Потоа ставете го накитот во сад и оставете го да отстои околу 20 минути. Нареден чекор е да го префрлите накитот во млака вода, но кратко. Кога ќе го извадите среброто од водата, црните дамки треба целосно да исчезнат. Потоа исплакнете под млаз ладна вода и избришете со памучна крпа. Важно е да го правите тоа почесто, бидејќи среброто е такво што секогаш по некое време повторно ќе потемни.

Мала помош од пепелта од цигарите

За среброто лесно да се чисти користете пепел од цигари измешан со сок од лимон. Со добиената смеса истријте го сребрениот накит, па прво исплакнете со млака, а потоа ладна вода и исушете со памучна крпа. Пепелта од цигарите е успешен агенс поради нејзиниот специфичен хемиски состав. Токму овој хемиски состав делува како абразив.

Пробајте и сода бикарбона

Еден од најлесните и најчестите методи за чистење на среброто е користењето сода бикарбона. Доволно е сребрениот накит да го посипете со сода бикарбона, да го оставите да отстои малку, а потоа да го истриете со памучна крпа.

Пастата за заби не е само за забите

Многумина од нас го чистат сребрениот накит со паста за заби. За да ги отстраните црните дамки од среброто и да му го вратите сјајот, нанесете паста за заби на стара четка за заби, па истријте. Потоа исплакнете го среброто во ладна вода и исушете го.

Кечапот ги отстранува дамките

Кечапот лесно ги отстранува темните дамки на среброто. Можете да го потопите накитот во кечап и да го оставите да отстои неколку минути. Сребрениот накит можете да го полирате и со четка на која сте нанеле кечап. Потоа измијте го накитот со ладна вода и избришете го со крпа.

Алуминиумска фолија и сода бикарбона

Сето горенаведено се однесува на чистењето на сребрен накит, вклучувајќи го и чистењето на сребрениот прибор. Ќе признаете дека не е исто да исчистите еден прстен или комплетен прибор за јадење. Важно е да се има предвид и заштедата на време. За чистење на лажици, вилушки, ножеви и други сребрени садови, потребен ви е поголем сад, алуминиумска фолија и 2-3 големи лажици сода бикарбона.

Прво покријте го садот со алуминиумска фолија, а потоа посипете со сода бикарбона така што ќе го покрие дното на садот. Наредете го приборот за јадење во садот и потоа сè прелијте со зовриена вода. Оставете да отстои додека не се излади водата. Потоа извадете го приборот и исплакнете го во млака вода, а потоа под млаз ладна вода. Потоа избришете го со памучна крпа. Сите додатоци третирани на овој начин ќе го вратат својот оригинален сјај и ќе изгледаат како штотуку донесени од продавница. На крајот измијте го среброто со детергент.

Изберете поблаг детергент без фосфати. Додадете само малку од тој детергент во топла вода, а потоа спуштете го среброто во тој сад. Оставете да отстои неколку минути. Извадете го накитот, исплакнете со ладна вода и избришете го со крпа.

Ова се само неколку начини на кои можете ефикасно да го исчистите среброто дома. По било која од овие постапки вашето сребро повторно ќе биде сјајно и блескаво. Она што е заедничко за сите, без разлика на кој начин го чистите среброто, е задолжително да го исплакнете со ладна вода, а потоа да го избришете со мека крпа.

И не заборавајте на најважното - сребрениот накит што не го носите задолжително чувајте го во кутија или затворена најлонска кеса. На тој начин среброто ќе го задржи својот сјај подолго и нема брзо да потемни.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе