Кејн побара да си замине од Тотенхем

Англискиот голгетер им стави дознаење на челниците на лондонскиот клуб дека му е доста од неосвојување трофеи и дека летово сака да ја промени средината.

Се чини дека во летниот период сѐ поизвесна е разделба на Хари Кејн и Тотенхем. Напаѓачот кој е во овој клуб уште од младинскиот погон има далеку поголеми амбиции отколку што клубот може да исполни, па со оглед на неговите вештини и заслужува да биде во средина која ќе конкурира за титули.

„Индивидуалните награди се супер, тие се фантистични достигнувања. Кога ќе ја погледнам мојата кариера по пензионирањето, би сакал да имам нешто повеќе што да видам. Мојата цел сега како играч е да освојувам трофеи“, вели Кејн.

Тотенхем не успеа ниту да се избори за настап во Лигата на шампионите за наредната сезона, а во осумте сезони колку што Кејн игра за првиот тим не успеа да освои ниту еден единствен трофеј. Двапати губеше во финалето од англискиот Лига куп, вториот пат сезонава, а еднаш загуби и финале во Лигата на шампионите. Еднаш беше втор во Премиер лигата кога во сезоната 2016/17 го бркаше првото место со Лестер, но на крајот ја загуби битката.

„Сакам да ги освојувам најголемите трофеи кои можат да се освојат тимски, а ние не го правиме тоа. Претпочитам да освојувам трофеи со тимот отколку индивидуални. Тоа е тоа“, дополни тој.

Како негова следна дестинација се спомнуваат ривали на Тотенхем од Премиер лигата, дури и еден градски ривал - Челси. Останатите два клуба се дуото од Манчестер - Сити и Јунајтед.

Договорот на Кејн со Тотенхем е до јуни 2024 година, што значи дека тој не може туку така да си замине, туку треба согласност од клубот и нов клуб кој е подготвен добро да искешира. Неговата вредност се проценува на 120 милиони евра, па нема многу клубови кои можат да си го дозволат двократниот најдобар стрелец во Премиер лигата кој сезонава ја брка третата голгетерска титула.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе