Кејт Аптон како Мерилин Монро во последното видео на „Love"
И дојде крај на серијата секси видеа од магазинот „Love", каде најубавите девојки во светот флертуваа и заведуваа пред камерата, за календарот на ова списание. Завршен печат на серијалот му става атрактивната Кејт Аптон, која изгледа бомбастично.
Во видеото, Кејт игриво се крие и заведува облечена во нежно розова долна облека, во стајлинг што потсетува на Мерилин Монро, додека во позадина ја слушаме песната „Diamonds Are a Girl's Best Friend" испејана од секс бомбата од 50-тите.